Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во населба „Ајдучка чешма" во Куманово, синоќа во 22.30 часот, полициски службеници од Мобилната единица ги привела А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.
„При преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.