Мени

Приведени тројца кумановци, управувале мопеди без возачка дозвола

18.06.2026 15:03 | KumanovoNews

Тројца возачи на мопеди се приведени во текот на вчерашниот ден во Куманово, откако при полициски контроли било утврдено дека возеле без да поседуваат возачка дозвола.

 

Приведени тројца кумановци, управувале мопеди без возачка дозвола

Првите приведувања биле околу 17 часот на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, кога полициски службеници ги запреле Т.И. (55) од Куманово кој управувал мопед и М.Ш. (19) од селото Лопате, кој управувал мопед „Априлија“ со кумановски регистарски ознаки.

Третиот случај бил евидентиран во 22:20 часот на улицата „Кирил и Методиј“ во Куманово, Х.В. (19) од Куманово. управувал мопед со штипски регистарски ознаки без возачка дозвола.

Од СВР Куманово информираат дека по целосното документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.