Привршува аплицирањето за електронски здравствени картички
Здравствените осигуреници до крајот на јуни имаат рок да поднесат барање за добивање на здравствена електронска картичка.

Во Куманово досега се изработени и предадени на корисниците 32.348 електронски картички, а во изработка се 19.765 картички.
Јас и сопругот уште на 29 април подигнавме електронски здравствени картички. Се надеваме дека ќе бидат едноставни за употреба, дека ќе биде полесно отколку со старите книшки - вели Снежана Ѓуревска.
Пензионерите први почнаа старите здравствени книшки да ги заменуваат со електронски картички и поголем дел од нив ги подигнаа картичките.
Имаме поднесено барање, а сега сопругот отиде да провери дали се готови картичките. Ние сме двајца и очекуваме од октомври да почнеме да ги користиме кога одиме на лекар. Сите блиски, роднини, пријатели вадат здравствени електронски картички - рече Мердие Мустафовска.
Електронски здравствени картички мора да извадат сите невработени лица, пензионери, вработени во приватни фирми.