Привршува пријавувањето за обука кај познат работодавач
11.07.2012 13:37
| KumanovoNews
До 17 јули во Центрите за вработување можат да се пријават невработените за обука кај познат работодавач.

За секој кандидат кој ќе биде избран и ќе следи обука, се предвидува парична помош од 4.400 денари месечно. Обуката ќе се спроведува во работните простории на работодавачите и ќе трае три месеци.
Сите детали околу правата и обврските на невработените и газдите ќе бидат регулирани со договор. Јавниот оглас за вклучување на невработените во ваква обука беше отворен кон крајот на јуни. Овој проект е дел од Оперативниот план и програмата на Владата за период од 2011 до 2015 година.