×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проценка на штетите од невремето во Старо Нагоричане

    05.08.2014 10:03 | KumanovoNews

    Комисија за проценка на штети трет ден е на терен за да ги утврди штетите настанати од невремето кое пред десетина дена ја зафати општина Старо Нагоричане.

    Проценка на штетите од невремето во Старо Нагоричане

    Тие прво ги посетиле најпогодените села, а до крајот на неделата ќе се сумираат податоците и ќе се знае колкави се штетите.

      - Тричлената комисија составена од луѓе вработени во општинската администрација ги посети прво селата каде има најголеми штети како Младо Нагоричане, Старо Нагоричане, Драгоманце, Стрновац, Челопек и Жегљане. Ќе се направи извештај за штетата без разлика дали е тоа на житни, други култури, откорнати ќерамиди, откриени покриви и таа информација градоначалникот ќе ја проследи до Владата за обештетување - велат од општина Старо Нагоричане.

    Невремето проследено со град ги уништи посевите, пластениците, откорна дрвја и откри куќи во селата во општина Старо Нагоричане.