×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продаваат храна и вршат нужда на исто место

    08.08.2014 09:39 | KumanovoNews

    Зараза ги демне кумановци, кои купуваат на импровизираниот пазар на големо кај спортската сала Куманово, затоа што овошјето и зеленчукот се продаваат во несоодветни хигиенски услови.

    Продаваат храна и вршат нужда на исто место

    Продавачите од Источна Македонија, со своите семејства со денови живеат во возилата, а нужда вршат каде ќе стигнат. Тоалет и бања им е еден напуштен објект во близина на пазарот, а често можете да ги видите и како се олеснуваат задскриени до камионите во кои продаваат храна.

       Овдека нема веце и сите одиме во напуштена зграда од спротива. Во спортската сала има тоалети, но и тие се во лоша состојба. Тука сме еден месец, ама си одиме на недела или две. Нема каде да се капеме и веце ни е потребно. Ние мораме да седиме, од тука преживуваме, - вели Дарко Ристов од струмичкото село Баница.

    Граѓаните кои живеат во тој дел на градот, револтирани се од не хигиената на продавачите и неподнослива миризба што се шири во околината. Бараат од надлежните да го дислоцираат пазарот додека не се појавила некоја заразна болест.

       Ова е голем проблем за нас, прво не можеме да поминеме по тротаорот. Ако не ги бркаат да продаваат, барем нека им постават монтажни тоалети и вода, вака многу е валкано. Јас не купувам ништо од нив затоа што не е хигиенски, а друга работа е што доаѓаат во понеделник и до следната недела зеленчукот се суши, - изјави Симон Петрушевски, која живее во близина.

    И инфектолозите препорачуваат да не се купува храна на овој пазар, бидејќи земјоделските производи не се чуваат на адекватен начин и може да предизвикаат проблеми по здравјето на луѓето.

      На просторот кај спортската сала нема никакви хигиенски услови и плус тука се две фреквентни улици каде има многу прав и загадување од возилата. Логично е дека самите продукти се доста загадени. Прво препорака е да се избегнува купување храна на таков пазар, а секој производ купен треба добро да се измие пред употреба под млаз вода подолго време, да се истрие и потоа да се јаде. За било која цревна инфекција, загаден производ се внесува преку уста, па во цревниот тракт настанува размножување на бактериите, - изјави Сунчица Јосифова, инфектолог во Општа болница Куманово.

    Проблемите со пазарот на големо кај спортска сала се провлекува со години. Минатата година надлежните инспекциски служби спроведоа неколку акции за дислокација на препродавачите, но бесуспешно тие постојано се враќаа. Локалната самоуправа најави изградба на пазар на големо, но проектот никако да го реализира.