Продавал расипани производи на Зелениот пазар
01.04.2014 11:46
| KumanovoNews
Е.Т.(36) од Куманово, продавал производи со изминат рок на Зелениот пазар во Куманово.

Во текот на минатиот месец од непознати лица набавил поголема количина на штетни прехранбени продукти и пијалоци со изминат рок на важност, на кои со помош на хемиски средства го избришал датумот на застареност и вметнал нов датум со регуларен рок на важност. Потоа заедно со прехранбените продукти ги ставил на тезга и ги продавал на граѓаните.Полициски службеници го затекнале додека продава на пазарот и стоката му е одземена.
Е.Т. се сомничи дека сторил кривично дело производство и пуштање во промет на штетни прехранбени и други продукти.