×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продажна изложба на сувенири

    16.11.2010 15:25 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура, денeска беа изложени над 500 сувенири, изработени од млади луѓе вклучени во проектот „Богатство на природата - извор на егзистенција„.

    Продажна изложба на сувенири

    Проектот го реализираа невладините организации Коло на српските сестри, Кумановка и Мајка, подржани од амбасадата на Норвешка. Целта на проектот е младите луѓе да ги искористат природните богатства како извор на матерјали и да изработат предмети, со кои потоа ќе остварат одреден пориход.

    Проектот се реализираше во општините Куманово и Старо Нагоричане и беа опфатени над 40 млади луѓе на возраст од 18-30 година.Тие на свој креативен начин успејаа да ги искористат природните богатства и да ги изработат понудените експонати. Имаме над 500 уникатни производи, од кои 150 се од Општината Старо Нагоричане, а останатите ги изработија луѓе од селата Романовце и Клечовце- вели Лидија Илиевска од „Мајка„.

    Посетителите можеа да купат, вазни, лампи, слики, рамки и други сувенири со мотиви од  културно-историските споменици од кумановскиот регион.

    Проектот траеше 8 месеци и целта беше невработените млади луѓе во мултиетничките рурални средини, како и во урбаните средини, да работата со природни матерјали за да заработат за егзистенција.Изненадени сме од нивната креативност и оргиналноста во идеите. Ние ќе продолжиме да ги подржуваме овие млади луѓе и по завршување на проектот- рече Живка Христовска од „Коло на српските сестри„.

    На изложбата присуствуваат жени од сродните здруженија од Прокупље, како и претседателот на Советот на Куманово, градоначалникот на Старо Нагоричане, претставници од српската амбасада и многу гости и пријатели на здружениjaта. Високите гости добија подароци од носителите на проектот. Продажната изложба ќе трае и утре.