×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува дистрибуцијата на пакети со храна за ранливите категории граѓани

    05.04.2020 15:24 | KumanovoNews

     Tимови од Општинскиот штаб за заштита и спасување и Црвен крст Куманово и денеска продолжија со  дистрибуција на пакети со прехранбени производи и пијалоци, средства за лична заштита, хигиена и дезинфекција, на социјално најзагрозените семејства во општината.

    Продолжува дистрибуцијата на пакети со храна за ранливите категории граѓани

    Помошта ја обезбедија приватни фирми и компании од градот и државата, а акцијата ќе продолжи и наредните денови, за да им се излезе во пресрет на најсиромашните граѓани во време на кризата.

    Акцијата ја организира Општина Куманово преку Локaлниот економско-социјален совет(ЛЕСС) во соработка со Црвен крст.

    -  Вчера беа поделени шеесетина пакети, а акцијата продолжува и денeска. Ги потикнуваме сите компании да дадат свој придонес и да помогнат на најзагрозените групи на граѓани во овие исклучително тешки моменти во градот и државата. Денеска се поделени шеесетина пакети, а акцијата ќе продолжи и во наредниот период во зависност од интензитетот на донациите, - изјави Ненад Стојановски, секретар на ЛЕСС.

     Граѓаните кои имаат потреба од помош се пријавуваат во Општина Куманово, а потоа списокот се проверува во Центарот за социјални работи, за да се опфатат најзагрозените семејства.

    Донацијата ја обезбедија компаниите: Центробизнис Куманово, Арди Фреш - Куманово, Фима Вест-Куманово, Алкалоид – Скопје, Мусли Маркет - Куманово, Елида - Куманово, Селман Туризам - Куманово, Скопска Пивара - Скопје, Ќошар - Куманово, Кима Ком - Куманово, Мит Груп - Куманово, Бентон – НИ - Куамново, Тиди - Куманово, Салса - Куманово, Реџија ДОО - Куманово, Коримпекс Шус - Куманово ,ИН-Пошта–Радевски Куаманово, НТК - Макс - Куманово, ДЕ- МАРКО - Куманово, Анастасија Шус - Куманово, Дизајн Текст - Куманово и Босут - Куманово, Делукс компијутери - Скопје, УПМ Груп - Скопје и Рапид Билдинг - Скопје.