×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува гасификацијата на градот

    18.12.2014 14:23 | KumanovoNews

    Интензивно се работи на гасификацијата во Куманово, поради тоа што е економски исплатлива и придонесува за еколошки чиста животна средина, тврдат од ЈП Куманово-гас.

    Продолжува гасификацијата на градот

    Во Куманово досега се гасифицирани 12 установи, училишта, библиотеката и седиштето на ЕВН. Во објектите кои се гасифицирани трошоците за греење се намалени за 40 отсто.

    “Се прави котлара во “Перо Наков“ и “Кочо Рацин“. Правиме подготовки за црквите “Света Троица“ и “Свети Никола“, навлегуваме во населба Гоце Делчев, во изградба е мрежа на улиците “Иго Тричковиќ“ и „Живко Чало“.  Наскоро ќе се гасифицира и првата станбена зграда “ - вели Драган Петровски, директор на “Куманово - гас“.

    Петровски појасни дека законската регулатива за приклучоци е сложена и дивоградба не може да биде приклучена на гасоводна мрежа.