Продолжува огласот за самовработување со неповратни средства
29.01.2016 09:53
| KumanovoNews
Огласот за самовработување со неповратни средства од 3200 евра се продолжува до 5 февруари наместо до 29 јануари како што беше предходно предвидено.

Рокот за аплицирање се продолжува поради големиот интерес.
“Досега имаме стотина апликации од активните баратели на работа и очекуваме уште да добиеме“- рече Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Во меѓувреме се нуди и финансиска помош од 92.000 денари за малите и средни претпријатија, за вработување на лице кое ќе треба да го задржат година дена. Овие средства ќе бидат потрошени за набавка на материјали за работа.