Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проектот за изградба на административно деловен објект на Чоробенско ќоше тапа во место.
Валентина Јовановска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на општина Куманово, го праша градоначалникот што стана со изградба на оваа капитална инвестиција ветена во 2013 година.
Градоначалникот Зоран Дамјановски се правдаше дека имаат изготвено проект, но трета година по ред не можат да добијат сопственичко право за дадената локација и да почнат да градат.
Пречка е комисијата за експанзија на градба, не го доделува сеуште земјиштето. Има некои сопственички права, има 200-300 квадрати кои не се сопственост на Република Македонија. Чоробенско ќоше е наша голема желба. Тоа многу ќе значи за естетскиот дел на градот - вели градоначалникот.
Во меѓувреме поради недостиг од простор, дел од административците од општината се сместени во старите простории на “Козјак“.