“Професор Мијалковиќ“ прима нови ученици
Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ„ го објави конкурсот за упис на нови ученици за наредната учебна година.

Домот има капацитет од 120 места а сместувањето и исхраната на учениците е на трошок на државата.
- Учениците кои сакаат да престојуваат во домот треба да се запишани како редовени ученици во средно училиште и да се државјани на Република Македонија. Да живеат најмалку 25 километри оддалеченост од школото или на 10 км ако немаат организиран превоз. Потребни документи треба да се достават до 7 јули. Вселувањето на учениците започнува на 31 август, а резултати од конкурсот ќе бидат објавени на огласна табла најдоцна до 18 јули - вели Есад Шаботиќ, директор на “Професор Мијалковиќ“.
Лани во домот престојуваа осумдесетина ученици, од кумановските села, но и од кратовско и кривопаланечко.