×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар

    26.12.2014 14:29 | KumanovoNews

      Полицаецот Александар Илиевски и пожарникарот Моде Цаневски се прогласени за најдобри во својата професија за 2014 година.

    Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар

    Признанието им го доделува Општина Куманово,па по тој повод градоначалникот Зоран Дамјановски им врачи часовници.

    Традиционално како и секоја година, општината доделува скромни подароци на најдобриот пожарникар и најистакнатиот пожарникар за изминатава година. Ми претствува задоволство што ќе им ги доделиме наградите и ќе направиме разговор за понатамошните наши релации,  бидејќи овие два сегменти се многу важни за градот. Сметам дека оваа традиција е добра и ќе продолжи понатаму - изјави Дамјановски.

    Најдобриот пожарникар и полицаец се заблагодарија за признанијата и наградите.

    Горд сум што ја добивам оваа награда за најдобар полицаец за 2014 година и ќе продолжам да работам, да бидам сервис на граѓаните. Имам работно искуство од седум години како полицаец во Полициска станица од општа надлежност Куманово. Имало многу важни моменти, како откривање на кривични дела и фаќање на сторителите - рече Илиевски.

    Пожарникарот Моде Цаневски зад себе има 30 годишна кариера и вели дека за наградата заслужна е целата противпожарна служба.

    Како единка на никого не можеме да помогнеме. Летово благодарение на граѓаните и времето немавме работа, а претходните години имавме многу работа - кажа Цаневски.

    Најдобриот полицаец и пожарникар им советуваат и на помладите колеги со љубов и посветено да ја работат работата.