×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВИДЕО: Прогласени победниците за најубаво шарено јајце и поетски творби на манифестацијата „Велигден ист, на различен начин“

    10.05.2024 08:24 | Оливера Пешевска

    Сања Манасиевска- Павлоска од „Коло на српските сестри“ го освои првото место за најубаво украсено јајце на манифестацијата „Велигден ист, на различен начин“ во организација на Здружението „Живот“ се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово. 

    Второто место и припадна на Мелани Максимовска, а третото на Ален Милковски, двајцата ученици во Гимназијата „Гоце Делчев“. Најуспешен во натпреварот за кршење на јајца беше Благоја Тасиќ, кому и му припадна пехарот.

    Целта на оваа манифестација е да чување и негување на традиционалните вредности.

    „Големиот празник Воскресението Христово – Велигден ги истакнува токму овие највозвишени човекови вредност, мирот, љубовта, меѓусебното почитување, разбирањето и помогањето. Должност на сите нас е да ги негуваме и пренесуваме сите овие вредности од генерација на генерација“, истакна во своето обраќање Благица Гавриловска Цветковиќ, претседателка на здружението.

    Во рамките на манифестацијата беше организиран и литературен, поетски конкурс на кој беа испраќани творби на тема „Јајцето на Воскресението- симбол на нов живот“. За најуспешни поетски творби награди добија Јована Лазаревска, како првопласирана и Кристи Илиевска, второ место ученички во Гимназијата. На трето место се пласираше Мила Спасовска, ученичка од „Киро Бурназ“.

    Во конкуренција за најкреативно и најубаво украсено јајце учествуваа оние создадени на работилницата која претходно се одржа во Гимназијата „Гоце Делчев“, кога учествуваа 20-тина ученици. Но, имаше и пријавени декорирани, велигденски јајца од граѓаните на Куманово.

    Манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма, музички настап и поетско читање.

    На настанот присуствуваа претставници на Руската амбасада во државата,претставници од локалната самоуправа, национални институции, здруженија и граѓани.

     

    ВИДЕО: Прогласени победниците за најубаво шарено јајце и поетски творби на манифестацијата „Велигден ист, на различен начин“