×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени првенците на генерација 2023/24 во Куманово

    24.06.2024 14:37 | Сузана Николиќ

    Здружението на просветни работници денеска ги прогласи учениците на генерацијата од основните и средни училишта за 2023/24 година во Општина Куманово. 

    Прогласени првенците на генерација 2023/24 во Куманово

    За првенци на генерацијата од средните училишта се прогласени: Ева Димитриевска од Гимназија „Гоце Делчев“, Есра Фазлија, Гимназија „Сами Фрашери“, Емилија Серафимовска и Ајла Саити од „Перо Наков“, Марио Анѓеловиќ и Сахаре Арифи од „Наце Буѓони“, Стефани Младеновска и Албулена Јусуфи од „Киро Бурназ“.

    Најдобри во својата генерација во основните училишта се: Руфије Љимани од „Бајрам Шабани“, Теодор Ивановски од „Браќа Миладиновци“, Викторија Стефановиќ и Џемајл  Аземи од „Браќа Рибар“, Гентрит Сулејмани од „Битолски Конгрес“,Леона Александровска од „Вера Которка“, Марко Алексиќ од „Вук Караџиќ“, Егзон Мурати од „Јероним Де Рада“, Сара Стефановиќ од „Карпош“, Теодора Спасоевска и Дурата Муслии од „Кирил и Методиј“, Лука Стомановиќ од „Кочо Рацин“, Моника Мишевска од „Крсте Мисирков“, Каја Камелиа Колев од „Магдалена Антова“, Влера Исени  од  „Наим Фрашери“, Мила Лазаревска „11 Октомври“, Александра Марковска „Христиан Карпош“, Мила Богдановиќ и Влера Ализи „Толи Зордумис“, Јован Станковиќ од Панче Пешев.

    Учениците, родителите и професорите ги поздрави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој им посака големи достигнувања во натамошниот живот.

    „Бидете горди на својот резултат, ви се отвораат нови патишта, сфатете го тоа како голем предизвик во животот, зацртајте ја целта и стремете се да ја достигнете. Секој млад човек само со макотрпна работа и труд може да ги постигне посакуваните резултати. Во иднина на вас ќе ви ја препуштиме нашата општина и државата“, кажа Димитриевски.

    Претседателката на Здружението на просветни работници во Куманово, Анита Димовска, ги повика учениците да продолжаат да веруваат во себе и да вложуваат во својот личен развој.

    „Знаењето, учењето и вештините се најголемото богатство, кое никој не може да ви го одземе, но вие можете да го споделите со другите за да го осветлите патот, и да го направите вашето соседство и градот подобро место за живеење“, кажа Димовска.

    Првенците на генерацијата добија плакети, благодарници и ваучери од Здружението на просветни работници  и Општина Куманово.