×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на „Детски лирски треперења“ во „11 Октомври“

    07.10.2015 13:59 | KumanovoNews

    Во основното училиште “11 Октомври“ денеска беше промовирана збирката “Детски лирски треперења“ која ја издава Сојузот за грижи и воспитување на децата секоја година.

    Промоција на „Детски лирски треперења“ во „11 Октомври“

    Промоцијата е дел од одбележувањето на Недела на детето, која трае од 5 до 11 октомври.

    Ние во нашите здруженија во рамките на Детската недела ја промовираме оваа детска стихозбирка во едно од нашите училишта. Оваа година го избравме  “11 Октомври“ бидејќи сакаме да го прославиме заедно нивниот патронен празник. На оваа средба поканети беа сите училишта, деца со своите ментори кои што се членови на литературни секции коишто сами творат“ -изјави Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата од Куманово.

    Училиштето прославува 51 година од своето постоење и активностите за прослава на патронатот и одбележувањето на Детската недела се совпаѓаа во ист период.

    Утринава започнавме со турнир во мал фудбал на кој учествуваат ученици од сите училишта од нашиот град. Во 10 часот имавме прием на првачиња во детската организација, со пригодна приредба, постарите ученици им посакуваат добредојде на првачињата. Во петок е централната манифестација музичко-ликовен хепенинг под наслов имагинариум. Ќе имаме музички концерт и ликовна колонија, да ја пуштиме детската фантазија и имагинација да дојдат до израз “ - рече  Елизабета Костадиновска Костиќ, директорка на “11 Октомври“.

    Теа Димковска, ученичка од “11 Октомври“ кажа дека инспирација за пишување наоѓа во читањето на книгите од писателот за деца, Горјан Петрески.