Промоција на документарецот „Марков бунар“
13.11.2015 09:58
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19.30 часот, ќе биде промовиран етнолошкиот документарен филм „Марков бунар“, проект на Музеј Куманово.

Сценариото и режијата е на кустос етнолог Валентина Илиевска од Музеј Куманово. Промотор ќе биде етнологот Владимир Боцев од Музеј на Македонија. Овој филм беше прикажан на меѓународниот фестивал на етнолошки филмови во Кратово.