Промоција на две книги
29.05.2014 06:49
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утревечер ќе бидат промовирани две книги.

Пред кумановци ќе бидат презентирани книгите “Сенки на животот“ на Јасминка Наумовска и “Чиста душа“ од Горан Стевчевски - Џина. Двајцата писатели и досега заеднички организираа промоции на свои дела во Куманово. Стевчевски по професија е стоматолог, а Наумовска е психолог - психотерапевт.
Промоцијата ќе се оддржи во малата сала со почеток во 20 часот.