Промоција на „Еден миг од времето“ од Оливера Доцевска
09.12.2015 09:51
| KumanovoNews
Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“ утре во 12.30 часот, ќе биде промовирана книгата „Еден миг од времето“ на Оливера Доцевска.

Промотор ќе биде Трајче Кацаров, а извадоци од книгата ќе чита актерката Кети Дончевска Илиќ. Книгата претходно беше промовирана во Кратово.
Оливера Доцевска, по професија е адвокат, а воедно и поетеса, преведувач, публицист. Магистрирала меѓународни односи и дипломатија, а од 2012 година е член на Друштвото на писатели на Македонија.