×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на “Јадица“ од Владимир Плавевски

    17.09.2014 07:31 | KumanovoNews

    Во Градската библиотека “Тане Георгиевски„ утревечер во 19 часот ќе биде промовирана книгата “Јадица“ од Владимир Плавевски.

    Промоција на “Јадица“ од Владимир Плавевски

    Се работи за дело кое ја доби наградата “Роман на годината“ за 2013 година од Утрински весник. Промотор ќе биде Раде Силјан, а делови од книгата ќе читаат актерите Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ.

    Авторот е роден на 11 декември 1948 година во Скопје. Плавевски по професија е доктор специјалист оториноларинголог. Автор е на повеќе драмски текстови, сценарија за телевизиски серии, ТВ филмови и радио драми. Од 2000 година е член и на Друштво на писатели на Македонија. Негови попознати книги се : “Играч на Фанта“, “Папарацо“, “Амкање“, “Поплава“, “Ловец на самовили“, “Вистински приказни“ и други.