Промоција на книга за Драган Богдановски
22.05.2013 08:36
| KumanovoNews
Во фоаето на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утревечер ќе се промовира книгата “Сеќавање на брат ми Драган Богдановски“ од авторот Раде Станковски.
Промотори ќе бидат проф.д-р Виолета Ачковска и Ставре Џиков. Извадоци од книгата ќе чита актерката Вера Ристовска.
Промоцијата почнува во 19.30 часот.