Промоција на книгата за Тодор Александров
24.10.2014 09:42
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва во 20 часот ќе биде промовирана книга за Тодор Александров од авторот Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив на Република Македонија.

Промоцијата се организира по повод одбележување на 23 октомври - Денот на Македонската револуционерна борба.
Сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за ликот и делото на Тодор Александров можат да присуствуваат на промоцијата.