Промоција на книгата „Записи од Македонија“ од Милутин Станчиќ во Куманово
11.12.2024 09:49
| KumanovoNews
Во просториите на Занатски дом во Куманово, утре во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Записи од Македонија“ од Милутин Станчиќ.

Покрај авторот, на промоцијата ќе говорат и Горан Максимовиќ, професор по литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, како и магистер Елизабета Краљевски од Куманово.
Збирката патописи и репортажи со наслов „Записи од Македонија“, на авторот Милутин Станчиќ од Скопје, е објавена во септември 2023 година во Службен весник на Србија. Книгата е резултат на дведецениска работа на авторот.