Промоција на “Корени“ и “Ленче Кумановче“
Утревечер во 19.30 часот во ресторан “Версус“ ќе биде промовиран новиот број на списанието “Корени“.

На промоцијата на кумановски дијалект ќе биде изведен дел од пиесата “Ленче Кумановче“, а ќе бидат доделени награди на победниците на мартовските есеи. На промоцијата ќе говорат: Роберт Алаѓозовски, Билјана Станковска, Звонко Таневски, Љиљана Пантелиќ Новаковиќ, Денко Малески и Иван Ивановски. Во програмата учествуваат: Илија Струмениковски (како Васил Иљоски), Марко и Маргица Антевска, Милена Гиевска, Горан Лутовац и Новко Петрушевски.
Специјален гостин ќе биде Горан Христовски - Љушка (како Досе).
Настанот го организира Здружение за наука и култура “Парадигма“ од Куманово под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.