Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Крсте Мисирков“ утре во 12 часот ќе се оддржи промоција на проектот “Музиката е универзален јазик на човештвото“.
Цел на проектот е промовирање на интеркултурализмот како вредност на едно инклузивно училиште. Тој придонесува учениците подобро да ги разберат, почитуваат и ценат културолошките разлики и сличности. Поттикнува, развива и негува позитивна интеракција и соработка помеѓу учениците од различни етнички, социјални и културни средини.
Проектот се реализираше со анкета за истражувачка дејност во областа на музиката, интеркултурни работилници во одделенска настава, снимање на краток филм и публикување, изработка на списание и ДВД филм.
Проектот е финансиран од УСАИД, Фондација Отворено Општество на Македонија и Детска фондација Песталоци од Швајцарија.