Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ во вторник во 12 часот, ќе биде промовирана книгата “Рогот на љубовта“ од Божин Павловски.
Книгата ја доби наградата Стале Попов од Друштвото на писатели на Македонија. Промотор ќе биде Блаже Миневски, а извадоци од книгата ќе чита актерката Кети Дончевска Илиќ.
Павловски е роден на 7 јануари 1942 година во демирхисарското село Жван. Негови попознати дела се : „Игра со љубов“, „Лудисти“, „Дува“, „Австралија, Австралија“, „Подвижни гробови“, „Изгубени во рајската градина“ и други.
Авторот е добитник на наградите Рациново признание, 11 Октомври, Гоцева повелба, Кочо Рацин и други.