Промоција на романот “Монотонија“
29.10.2014 08:42
| KumanovoNews
Во клубот Ваер утревечер ќе биде промовиран романот “Монотонија“ на Бобан Богатиновски.

За романот ќе говори Елизабета Краљевски, книжевник. Богатиновски е автор на повеќе книги: “Коцкар“, „Лет 555“, “Соба за разговор“, збирките поезија “Прекрасен ден за умирање“, “Светлината е посилна“ и други. Почетокот е закажан за 19 часот.