Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Книгата “Црковни споменици во кумaновско“ од авторката Славица Крстиќ, вчера беше промовирана во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Авторката, за да ја создаде книгата истражувала 8 години. При тоа детално го проучувала иконописот, градбата на храмовите и собирала податоци од населението во околните села.
Мештаните многу ми помогнаа во мојата работа, но јас тие информации ги проверив стручно. Мошне интересна е приказната за настанокот на црквата Света Петка во село Пезово. Таа се поврува со едно слепо девојче од раѓање, од муслиманска вероисповест. Неговиот татко бег или ага се направил за да го излечи девојчето. Тоа паднало во едно вирче и со таа вода го измиле и девојчето прогледало. Сега тој камен се наоѓа во олтарот на црквата. Таткото на девојчето ја изградил таа црква на тоа место - раскажува Крстиќ.
Таа вели дека преку нејзиното дело кумановци, но и пошироката јавност ќе се запознае со средновековните цркви кои се лоцирани во околината на градот.