×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана монографијата „Нешто што ќе остане“

    17.12.2015 12:56 | KumanovoNews

    Во основното училиште „Магдалена Антова“ денеска беше промовирана монографијата “Нешто што ќе остане“, на професорот во пензија Живко Петрушевски.

    Промовирана монографијата „Нешто што ќе остане“

    Се работи за монографија која го прикажува растежот на училиштето во период од 25 години и 40 години постоење на населбата Карпош. Авторот рече дека две години собирал податоци за да го напише  ова дело.

    Целиот  развој на училиштето од почеток до сега, слави јубилеј 25 години растеж, а затоа што е во населба Карпош, опфатена е и населбата и Панко Брашнаров како име на салата. Од првите доселеници од 1922 година, па 1945 година и сега слави јубилеј населбата. Ги собрав сите јубилеи заедно - рече авторот.

    За делото говореше Благородна Никодиновска, просветен работник во пензија  која рече дека ова е прва книга од ваков вид и смета дека за сите училишта треба да се издаде по една ваква книга. Таа вели дека книгата изоболува со податоци, слики и информации за кадарот во училиштето кое се развило по ослободувањето.

    Ние имаме околу 1000 основни училишта во Македонија. Барем 500 да направат вакви книги, би требало да направиме библиотека за тие книги од основните училишта. Она што е напишано за училиштето е многу, многу убаво, историски темелно - кажа Никодиновска.

    На промоцијата присуствуваше и Магдалена Антова, жената која го носи името на својата тетка борец,а по неа е именувано и училиштето.

    Ќе зборувам за мотивите, за кратката биографијата на тетка ми која го дала својот живот во борбата против антифашизмот. Јас го носам нејзиното име исто како и основното училиште “Магдалена Антова“. Се гордеам со тоа, со својата работа, заедно со раководителите, наставниците и голем број генерации ученици го исполнувам аманетот на мојата тетка - рече таа.

    Директорот на училиштето, Жарко Димитријевиќ за монографијата кажа дека ќе остави пишана трага за идните поколенија. На промоцијата присуствуваа луѓе од општествениот и политичкиот живот во Куманово.