×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Откриени пакетчиња со поминат рок при вонредни контроли на АХВ

    24.12.2024 12:00 | KumanovoNews

    Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти  Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).

    Откриени пакетчиња со поминат рок при вонредни контроли на АХВ

    Според АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.

    На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување, за констатираните неправилности се издадени решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

    „Нашите инспектори минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида пакетчиња е констатирано дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што е наредено нивно повлекување од промет“, наведува  од Агенција за храна и ветеринарство.