Пронајдено оружје за светлосно и звучна сигнализација, приведено едно лице
21.10.2026 11:45
| KumanovoNews
Кумановската полиција приведе кумановец, откако кај него пронашла оружје за светлосно и звучна сигнализација.
„Полициски службеници го лишија од слобода Љ.М.(63) од Куманово. При акциска контрола, спроведена согласно претходно изготвен план за реализација, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за граѓански работи при МВР, во деловен простор кај Љ.М. биле пронајдени 28 пиштоли за светлосно - звучна сигнализацијаза кои не поседувал дозвола“, соопшти СВР Куманово.
По целосно расветлување на случајот против него ќе следува соодветна пријава.