Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово денска го одбележа 7 мај, Денот на полицијата. По тој повод беше организиран свечен прием за вработените, пензионираните работници, претставниците од локалната самоуправа, советниците, јавниот и невладиниот сектор.
"СВР Куманово во изминатат година,односно меѓу двата празника постигна забележителни резултати во спречувањето и откривањето на кривичните дела, исто така и во јавниот ред и мир и сообраќајната безбедност. Успешни резултати имаме и во Секотор за превенција, а одлични резултати постигнавме и во откривање и докажување на кривичните дела на крвните деликтеи и убиствата ги реализиравме со 98 одсто. Полицијата и оваа година ќе продолжи да работи на сите проекти со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно и безгрижно - изјави началникот Љубомир Ѓурчевски.
Тој најави дека годинава ќе работат на подобрување на просторните проблеми, особено на Одделението за управни работи, се со цел да се подобрат условите за работа на вработените и да се обезбеди поквалитетни услуги на граѓаните.
СВР Куманово ги покрива и општините во северо-иситочниот регион: Кратово, Крива Паланка , Ранковце, Старо Нагорачане и Липково.