Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во комплексот Етно село, Федерацијата на фармери вчера го одбележа Меѓународниот ден на руралната жена.
Годинешнава прослава ја подржа Општината Старо Нагоричане, а градоначалникот Миодраг Јовановиќ ги поздрави присутните гости.
Општината Старо Нагоричaне е рурална општина и ние свесно работиме на подобрување на условите на живот на сите жители, а посебно на жените фармери, кои во се поголем број се приклучуваат во организацијата на фармери. Ние сме членови на оваа организација од скоро и се надевам дека со заеднички проекти Општината ќе биде центар за развој на земјоделието. Одбележувањето на Светскиот ден на руралната жена во општината Старо Нагоричене е од големо значење за нас, бидејќи така ќе го свртиме вниманието и ќе го презентираме нашиот потенцијал со што ќе допринесме за развој на општината- изјави градоначалникот Јовановиќ.
На прославата присуствуваа жени-фармери од целата држава, а беше организирано натпреварување и презентација на храна од повеќето градови во државата. Васка Капетановска од село Љубојно ресенско ја освои првата награда за специјалитетот риба со пиперки, на натпреварувањето за највкусно јадење од пиперки.
Ова јадење е многу вкусно и се подготва многу лесно. Пиперката прво се пече, а потоа се пржи. Најубаво е кога се пиперките мешани црвени и зенеи. Се пржи додека да пуштат сок и потоа внатре се додаваат рибите. Цироките треба да се печени и излупени и се ставата внатре да се пржат заедно со пиперките. Потребни се 2-3 часа за да се подготви ова јадење - ни објасни Васка.
Втората награда и припадна на Димка Сандева Штип, а третата Биљана Стефановска од Пехчево.
Жирито имаше многу тешка задача да се определи за највкусните со огледа на тоа што македонската кујна изобилува со многу вкусни специјалитети.
На петтото одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена, жени фармери од цела Македонија приготвуваа и јуфки по рецептите на нивните баби. Преку овие настани Федерацијата на фармери сака да ја потенцира улогата на жената во зачувувањето на традицијата и народните специјалитети.
На прославата присуствуваше шведскиот амбасадор.