Прскање против крлежи во Куманово
06.08.2014 10:25
| KumanovoNews
Од утре до сабота на зелените површини во градот ќе се изврши дезинсекција на крлежи.

„Цел на ваквиот третман е спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат крлежите. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршен третман„ - стои во соопштението од општина Куманово.
Ова е втора по ред дезинсекција против крлежи годинава.