Прв терен за боќање на Градскиот кеј
21.11.2014 08:41
| KumanovoNews
На Градски кеј утре во 12 часот ќе биде пуштен во употреба терен за боќaње, спорт сличен на куглање.
Се работи за прв терен за боќање во Куманово и во Република Македонија, кој го изгради Заедницата на Хрвати во Република Македонија огранок Куманово. Теренот се наоѓа веднаш до тениските игралишта на Градскиот кеј.