Првото бебе машко
02.01.2016 11:02
| KumanovoNews
Марија Ѓорѓевиќ од Речица го роди првото бебе во Куманово во 2016 година.

Се работи за машко бебе тешко 2.990 грама и долго 50 сантиметри, родено 35 минути по полноќ во кумановската болница.
Новороденчето доби пригодни подароци од локалната власт и од Општата болница Куманово. На новиот сограѓанин и на мајката здравје, среќа и успех им посака секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска и началникот на гинеколошко-акушерското одделние др. Нисо Тасов.
Ова е единствено бебе родено во новогодишната ноќ во Куманово.
Фото: (Кумановски Муабети)