×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Првото бебе родено во Кумановската болница е женско, мајката е од Крива Паланка

    02.01.2025 12:22 | Оливера Пешевска

    Првото бебе во Кумановската болница е женско, а се роди на 1 јануари во 17.10 часот. На свет го донесе 25- годишната  Хамиде Асанова од Крива Паланка. 

    Првото бебе родено во Кумановската болница е женско, мајката е од Крива Паланка

    Девојчето и мајката се во добра здравствена состојба, а ова е втора рожба во семејството.

    Претставници од општинската администрација и раководството на болницата ги посетија мајката и новороденчето.  

    „Ѝ посакав на мајката првин таа да заздрави, а потоа девојчето да е живо, здраво, среќно, да си ја сака државата и да си остане овде да придонесува. На младите во Куманово им порачувам навреме да планираат семејства, да не чекаме првородено во 17.10 часот, туку веднаш по полноќ. Семејството е клучно за создавање на едно општество, на градот, на семејството и на традиционалните вредности“, истакна по посетата престедателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.

    Во текот на вчерашниот ден имало само уште едно породување, исто така на женско бебе. Во текот на денот персоналот очекува уште едно новороденчето, мајката е на претпородилното одделение.

    „Раѓањето на женскиот плод наговестува плодна и бериќетна година. За жал, имаме тренд на намалување на раѓањата и се надевам дека ова е предзнакот за зголемување на бројот на раѓањата. Минатата 2023 година имавме 730 раѓања, за жал бројката на новоредни деца во 2024 е намален на 688 раѓања, што се 40 помалку во однос на претходната година. На моите сограѓани, моите кумановци им посакувам среќна нова година, исполнета со добро здравје, и со повеќе раѓања, повеќе свадби и повеќе дечиња “, истакна директорот д-р Стефан Трајановски.