×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштени се термини за очни прегледи за првачињата во кумановската болница

    04.03.2025 10:23 | Оливера Пешевска

    Во тек е закажување на прегледите преку матичните лекари на дечињата, кои ќе се запишуваат во прво одделение.

    Пуштени се термини за очни прегледи за првачињата во кумановската болница

    Во Општа болница Куманово прегледите ќе се вршат од 1 април.

    „Има посебни термини пуштени наменски, само за првачињата, прегледите се извршуваат на Одделот за офтамологија. И покрај големиот број на првачиња од Куманово, Липково и Старо Нагоричане службите успеваат да ги апсорбираат дневните термини. Не очекуваме да има било каков проблем за родителите, впрочем како и до сега“, истакна Владимир Симоновски, главен медицински техничар на болницата.

    Се работи за општ, скрининг преглед за рана детекција на можни влошувања на видот. Лекарите во тој случај ги советуваат и упатуваат родителите за понатамошни третмани и мерки, за да се спречи влошување на состојбата.

    При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да  достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки  преглед, издадена од надлежна здравствена установа, информираат од Секторот за образование.

    Запишувањата на првачињата во општинските основни училишта започнуваат во мај.