×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за работилницата „Незавршена приказна“ (видео)

    16.04.2025 13:17 | KumanovoNews

    Во фоајето на Центар за култура денеска се одржа литературно- ликовната работилница „Незавршена приказна“ со ученици  од неколку основни училишта во Куманово.

    Модератори беа Бистра Георгиева и Катерина Николовска, авторки на неколку сликовници од серијалот „Стела и Сани“.

    Ова е прва соработка со младите авторки и Центарот за култура од Куманово.

    „Идејата со ова работилница беше да им се стави до знаење на децата дека фантазијата нема никакви граници, секој може да напише секакви приказна и да измисли какви сака ликови- и тие да изгледаат како сакаат, да се наоѓаат каде сакаат и да се наоѓаат онаму каде тие сакаат. Децата работат во 7 групи и ќе ја направат нивната заедничка приказна“, истакна авторката Бистра Георгиева.

    Со вакви работилници се поттикнува детската фантазија, а вклучените во проектот се фасцинирани како им доаѓаат идеите и креативноста, колку се инспиративни и како им се отвараат мозочињата кога им се дава простор. Затоа и за Георгиева и за Николовска ваквите работилници се големо задоволство, од кое подоцна црпат инспирација за своите дела.

    На работилницата учествуваа ученици од четврто и петто одделение од основните училишта „Крсте Мисирков“, „Вук Караџиќ“ и „Толи Зордумис“. Дел од нив пишуваа текст за две другарчиња и едно чудовиште, дел ги цртаа како јунаците на приказната би требало да изгледаат.

    Предвиденото време беше премногу кусо за завршување на започнатото, но децата ветија дека во одделението заеднички ќе ја завршат приказната.

    „Идејата е да се развие токму креативноста, да се мотивираат, да учествуваат и да се ангажираат децата како во пишувањето, така и во сликањето“, појасни Маргица Станисављевиќ Станисављевска, во име на организаторот.

    Детските креативни работлиници не завршуваат тука, ќе има и други по разни поводи и теми до крајот на учебната, но и до крајот на календарската година.

    „Незавршена приказна“ е дел од Годишната литературна програма на Центарот за култура, одобрен од Министерството за култура и туризам.

    Голем интерес за работилницата „Незавршена приказна“ (видео)