Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во хотел “Хармонија“, утре и задутре, ќе се оддржи работилница за стратешко планирање на Центарот за развој на североисточен плански регион.
Во пресрет на подготовките за изработка на петгодишната програма за развој на североисточниот регион, како стратешки документ, ќе оддржиме дводневна работилница за стратешко планирање, на која ќе се работи на унапредување на позицијата, улогата и можностите на Центарот. Преку анализа на јаките и слабите страни, односно СВОТ- анализата, ќе се дојде до редефинирање на мисијата и визијата на Центарот. - вели Атина Мургашанска, заменик раководител на Центарот за развој на СИПР.
На настанот ќе учествуваат вработените во Центарот за развој на Североисточен плански регион, претставници на МЛС – секторот за Регионален развој, Советот за развој на Североисточен плански регион, претставници на коморите и образовниот сектор, невладиниот сектор, консултанти, претставници на ГИЗ РЕД.