Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Централниот одбор на ЗНАМ одлучил Радослав Настасијевиќ Варџиски од Куманово да биде заменик министер во Министерството за дигитална трансформација.
Радослав Настасијевиќ Варџиски е магистер по економски науки, отсек маркетинг и менаџмент, роден во 1987 во Куманово каде извршувал неколку функции во Општина Куманово.
На новата функција ќе замине од местото раководител на Секторот за поддршка на Градоначалникот и Советот, информирање и односи со јавност.
Со поделбата на власта ЗНАМ, доби две министерски и две заменик- министерски места, но ова е прва личност од Куманово која се стекнува со ова функција во новата Влада.
За кандидат за заменик-министер за енергетика и рударство е предложен Мирослав Лабудовиќ.