×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Раководителот примал мито за легализација на дивоградба

    28.09.2014 12:16 | KumanovoNews

    В.Б.(38) од Куманово, раководител во Секторот за правни, имотно правни и општи работи во општина Куманово, вчера е уапсен додека примал мито заради легализација на дивоградба.

    Раководителот примал мито за легализација на дивоградба

    Според МВР,  Секторот за урбанизам и градежништво при Општина Куманово при постапка за легализација на доградба на куќа издало Решение за уривање на доградба за кое сопственикот не се согласил да го потпише. Под закана дека доградбата од куќата ќе му биде срушена, В.Б. побарал 1.000 евра за да посредува и да издејствува да се поништи наводно изготвеното решение за уривање и да се донесе ново решение за легализација на доградбата.

    Откако сопственикот на објектот ја прифатил понудата, на 17 септември на раководителот му исплатил 600 евра, а останатите требало да ги даде кога ќе се заврши работата. Нестрплив да ги добие сите пари, В.Б. почнал да се јавува на телефон и да го бара договореното. 

    Случајот бил пријавен во полицијата на 25 овој месец, по што телефонски била договорена средба во угостителски објект кај спортската сала во Куманово. Таму, В.Б. ги земал преостанатите парични средства во износ од 24.000 денари.

    Вчера во 13.45 часот бил извршен претрес кај него и во неговата кола биле пронајдени криминалистичко технички обработени парични средствата. В.Б. е приведен и задржан во полициската станица во Гази Баба. Денеска е изведен пред јавен обвинител во Куманово.

    Против В.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. СВР Куманово на пријавениот, како поранешен директор на ЈП „Вододвод„,му има поднесувано кривични пријави за – “злоупoтреба на службена положба и овластување“.

    Акцијата ја спровеле Секторот за корупција при ОСОСК во соработка со СВР Куманово.