×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расте интересот за изучување германски јазик

    25.08.2015 10:15 | KumanovoNews

    Во Куманово расте интересот за изучување на германскиот јазик, потврдуваат од повеќе приватни училишта за странски јазици во градот.

    Расте интересот за изучување германски јазик

    Велат дека луѓе од сите возрасти го учат германскиот јазик, со намера да се вработат или преселат во иднина во Германија. Овој тренд во Куманово е присутен последниве 2-3 години.

    Се зголемува бројот на ученици кои учат германски. Германскиот јазик го зборуваат 80 милиони луѓе во Германија, но и во делови од Швајцарија и Австрија. Луѓето учат германски за да бараат работа во Германија. Паралелно интерес има и за англискиот јазик, кој е интернационален и неопходно е да се знае“-велат од приватно училиште за јазици.

    Бобан Ѓорѓиевски, професор по странски јазици вели дека другите јазици се маргинализирани во последно време, а германскиот станува доминантен.

    Возрасните учат јазик чисто од потреба, од интерес, за да најдат работа во странство. Во Германија се бараат лекари, таму е поплатено. Англискиот претежно го учат децата, иако во последно време родителите ги тераат да учат и германски јазик. Сега имаме за 50 отсто помалку возрасни кои учат англиски за разлика од порано - рече Ѓорѓиевски.

    Францускиот, италијанскиот, албанскиот јазик се поретко се изучуваат во училиштата за странски јазици во градот.