Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановско расте интересот за подигање на ореови и лешникови насади, потврдуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Куманово.
Луѓе од повеќе села се заинтересирани за одгледување на овие овошки бидејќи имаат добра цена, а не бараат многу труд за одржување.
Оревот, лешникот држат добра цена на пазарот и од нив секогаш има потреба. Од друга страна потребни се помалку пари за одржување, додека крушите , јаболките бараат орање, кроење, прскање. Луѓе кои се во средни години сакаат да го подигнат тој овошен насад, бидејќи чувствуваат дека можат да работат, да го одржат тој насад за идните генерации. Ги има неколку луѓе и тоа од Пчиња, Старо Нагоричане, Челопек, Длабочица - рече Живка Наумова, раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Куманово.
Државата дава субвенции за одржување по 15.000 денари по хектар за орев и 25.000 денари за лешник по хектар, а воедно на овоштарите им се рефундираат половина од средствата вложени за насадите.