×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Разбиена група што продавала лажни ковид тестови - се претресувале објекти во Куманово

    27.12.2020 10:05 | KumanovoNews

    Одделот за криминалистичка полиција и Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во координација со Агенцијата за национална безбедност во текот на вчерашниот ден изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

    Разбиена група што продавала лажни ковид тестови - се претресувале објекти во Куманово

    При претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативно пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација.

    По документирање на случајот, до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.