Разбојници од Табановце го убиле мигрантот
20.07.2013 08:41
| KumanovoNews
Три лица од селото Табановце се сомничат дека пукале во мигрантите, при што едно лице беше убиено, а тројца тешко повредени.

Двајца од учесниците во нападот се приведени, а третиот е во бекство и по него полицијата трага.
Според првичните информации, мотив за убиството е обид за разбојништво.
Од СВР Куманово најавија прес-конференција во текот на денот.