×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рецитаторски натпревар за ученици од трето,четврто и петто одделение се одржа во Куманово

    30.04.2025 15:03 | Оливера Пешевска

    Во Занаeтчискиот дом во Куманово синоќа се одржа натпревар во рецитирање „Стиховите наши ги топлат срцата ваши“ за учениците од трето до петто одделение. 

    Рецитаторски натпревар за ученици од трето,четврто и петто одделение се одржа во Куманово

    На натпреварот учествуваа девет општински училишта, а организатор беше општинската единица на Здружението на одделенски наставници- ЗОН, со поддршка на Здружението на просветни работници (ЗПР) од Куманово.  

    Од генерацијата на трето одделенци прво место му припадна на тимот на „Христијан Карпош“, второ место место освоија учениците на „Кочо Рацин“, а третопласирани се децата од „Крсте Мисирков“.

    Кај учениците од четврто одделение на прво место е тимот на „Кочо Рацин“, на второ место „Браќа Миладиновци“, а на трето екипата на „Христијан Карпош“.

    Од петто одделениците прво место освоија децата од „Крсте Мисирков“, второ место учениците на „Кочо Рацин“, а трето место му припадна на тимот на „Христијан Карпош“.

    На натпреварот учествуваа тимови од „11 Октомври“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Вук Караџиќ“, „Христијан Карпош“ од населбата Перо Чичо, „Карпош“ од Умин дол, „Кирил и Методиј“ од Романовце и „Магдалена Антова“, населба Карпош.

    „Со овој проект овозможуваме учениците да излезат од училишните клупи, гласно и изразно да говорат стихови од македонски поети на македонски јазик. Со тоа заедно со учениците придонесуваме за негување на убавиот поетски збор искажан на македонски литературен јазик и да ги инспирираме да творат и говорат на нашиот мајчин, македонски јазик“, истакна Душица Јакимовска, координатор на општинската единица Куманово на ЗОН.

    Беа бодувани точност и дикција при рецитирање, правилно акцентирање и мисловно- емотивно доживување при настапот. Тричлена комисија ги бодуваше и оценуваше натпреварувачите: Ксенија Маказлиева Трајчева, одговроен уредник во „Просветно дело“, Анита Цветковска, професор по драмска уметност во кумановскста Гимназија и Сандрина Арсовска Јовановска, члена на претседателството на ЗПР Куманово.

    Сите наградени ученици добија дипломи, а сите учесници детски списанија во издание на Просветно дело.

    Покровител на манифестацијата беше Општина Куманово.