×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Речните корита преполни со дивоградби

    20.11.2014 15:43 | KumanovoNews

    Над 200 беправно изградени објекти треба да се урнат за да се регулираат речните корита на Липковка, Којнарка и Кумановка.

    Речните корита преполни со дивоградби

    Сите овие дивоградби никнале во изминатите 20 години и сега ја попречуваат регулацијата на реките од автопатот кај Циглана до излезот на градот.

    Речните корита не се наоѓаат на местата каде што се предвидени со Деталниот урбанистички план од 2001 година. Тој простор е узурпиран а реките изместени. За да се регулираат речните корита треба да се урнат 200 куќи, пола стадион, пола Средорек и над 30 куќи во населбата Бавчи, а да не зборуваме за помошни простории, гаражи и огради. Тоа е невозможно ние да го направиме, поготово што сме притиснати од Законот за легализација, со кој овие граѓани очекуваат објектите да ги легализираат, и додека трае постапката не смееме да ги уриваме, -рече градоначалникот Дамјановски.

    Дел од советниците прашаа кој дозволил да дојде до таква состојба и каде била градежната инспекција да ги санкционира прекршителите на законот.

    Гледањето кроз прсти на поединци доведе до ваква состојба. Каде се градежната и комунална инспекција да реагира и да не дозволи да гради кој каде што ќе стигне. Ако системски се решаваше овој проблем и секој си ја вршеше својата работа немаше да имаме вакви проблеми,- рече советникот Драги Караџински.

    И претседателот на Советот Максим Димитриевски смета дека е неприфатливо  дивоградбите во самото речно корито да не ги гледаат само инспекциските служби и да не ги уриваат, кога тие прават штета на останатите граѓани кои легално ги изградиле или купиле објекти во близина на речното корито.