×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Регионален натпревар по географија се одржа во ОУ „Толи Зордумис“ во Куманово

    18.03.2024 08:13 | Оливера Пешевска

    Во просториите на Основното општинско училиште „Толи Зордумис“ во Куманово, во саботата се одржа Регионален натпревар по географија, во организација на Здружението на професори по географија „Д-р Љубе Миленковски"од Скопје.

    Регионален натпревар по географија се одржа во ОУ „Толи Зордумис“ во Куманово

    На натпреварот учествуваа ученици од општините Куманово, Липково, Крива Паланка и Ранковце.

    „Учениците се натпреваруваа во познавањето на географијата што се изучува во содржините од наставниот предмет во 7,8 и 9 одделение. И самиот по професија сум професор по географија, па со гордост ги проследив учениците кои покажуваат афинитет кон овој предмет“, истакна директорот Дејан Младеновски.

    Сите ученици кои освоија најмалку 85 поени се квалификуваа за учество на државно натпреварување, кое ќе се одржи следниот месец во Скопје.

    Најдобра во категоријата седмооделенци е Меланија Арсовска од училиштето ОУ „Карпош“ од селото Умин Дол, која освои прво место, под менторство на професорката Сања Божиновска Митевска.

    Од осмоодленците, прво место освои Влатко Ставревски, со менторката Валентина Келешова, од ООУ„ Крсте Мисирков“- Куманово, второ место Ена Ѓурковска и трето место Кјара Ристиќ, двете под менторство на професорката Сузана Николиќ од „Толи Зордумис“. Со освоени 85 поени на натпреварот ќе заминат и Амар Авдиу и професорката Теута Арифи од училиштето „Култура“ од Липково и Лука Трајановиќ со менторот Гоце Крстевски ООУ„Браќа Миладиновци“ од Куманово.

    Од генерацијата девето одделение, прво место освои Лора Николовска, второ Нина Милошевска, менторка Валентина Келешова од „Крсте Мисирков“, додека трето место Сара Стевановиќ, менторка Сања Божиновска Митевска, „Карпош“ с.Умин Дол. Од Крива Паланка се пласираше ученичката Ања Николовска од ООУ„ Христијан Тодоровски Карпош “ под менторство на наставникот Жарко Алексовски.

    Учениците кои ќе покажат успех и познавање на материјата на националниот натпревар имаат можност за понатамошно учество на регионални, меѓународни олимипијади по географија.

    „Не би ме изненадило да постигнеме успех и за учество на меѓународни натпревари, со оглед на досегашното искуство- нашите ученици често остваруваат значителни резултати и како по правило се меѓу најдобропласираните во Македонија. Ова само го докажува афинитетот на децата кон географијата, интересот што ова наука го буди кај нив, љубопитноста дополнително да ги прошируваат своите знаења и решеноста да ги тестираат најпрвин личните позанавања во споредба со своите врсници“, потенцираше Сузана Николиќ, координатор за Кумановскиот регион.